Шарпланинец воден на синџир од неговиот сопственик, каснал дете за рака во Неготино, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил вчера околу 14 часот на местото викано Антена. Кога кучето дошло до група деца што си играле, каснало за левата рака едно десетгодишно дете. Детето потоа добило медицинска помош во најблиската здравствена ординација.