Во 9.30 часот во полициската станица Аеродром, Н.С. (42) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 7.40 часот додека се движел по бул. „АВНОЈ“ бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога.

Потоа Н.С. отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му била укажана лекарска помош, а од таму бил препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Додека пак околу 14 часот во Полициската станица Карпош , Х.С. (65) пријавил дека на ул. „Бањалучка“ бил нападнат од куче скитник и бил каснат во пределот од задната ложа на левата нога.

Исто така вчера било пријавено дека на автобуска постојка на ул. „Веле Марков“ во Скопје, додека Т.М. (34) поминувала со нејзиното малолетно дете, биле нападнати од две кучиња. Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога, соопштија од полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2018 01:27