Нефрологот Јелка Масин Спасовска сама си ги исекла вените, а потоа со крвави раце ножот го зарила во вратот.
Обвинителството по осум месеци истрага утврдило дека трагичната ноќ, на девети мај минатата година, во станот на улицата Елисије Поповски Марко немало никој друг освен лекарката Масин.
Вештачењето на доказите покажало дека нема траги од ДНК од други лица, а сослушаните сведоци ги дале потребните информации.
– Извршен е разговор со сопругот на сега починатата кој го пронашол телото. Извршена е проверка на неговото алиби, како и анализа и вештачење на гардеробата кој ја носел, која согласно видео записите ја имал на себе на денот на настанот. По извршените анализи е утврдено дека истиот не бил присутен во моментот кога настапила смртта кај сега починатата, одговорија од ЈОРМ.
За полицијата случајот со смртта на нефорлогот беше затворен многу пред одлуката на обвинителство. МВР уште пред финалниот извештај на судска медицина го впиша во архивата како уште еден случај на самоубиство. Судска медицина сепак и по повтореното вештачење не утврдила насиулство.
– Писмениот извештај и мислење од извршената обдукција на починатата, доставен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје упатуваат на тоа дека врз телото на починатата нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Утврдено е дека сега починатата сама се лишила од живот, односно дека раните настанале од само повредување, се вели во одговорот кој на прашањето доставено до ЈОРМ.