„Дрисла“ заработи казна од 8.500 евра заради пречекорување на емисииите од печката за медицински отпад. Депонијата доби и рок од 90 дена за да постави филтри и да го реши проблемот, соопшти Директорот на државниот инспекторат за животна средина. Буџетот на ова тело е зголемен за 60 проценти, а покрај постојните тројца, инспекторатот ќе вработи уште шест инспектори за надзор во метрополата...

За три месеци, Инспекторатот за животна средина извршил 15 вонредни надзори. Според нив, само „Дрисла“ е виновник за отровниот воздух во Скопје. Не ги почитувале протоколите за согорувањето медицински отпад. Депонијата е казнета со 8.500 евра. Најдоцна до март има обрска да ги постави филтрите на печките.

„Дрисла ќе смее да го гори осум часа во текот на денот, а не во три смени како што беше досега кога временските услови го дозволуваат тоа. Бидејќи немаме друг начин на согорување на тој медицински отпад и може да настане многу поголем пробем во однос на складирањето и постапување со него. Целиот медицински отпад од Република Македонија се носи во Дрисла“, изјави Мирослав Богдановски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Голем број претставки за загадениот воздух до Инспекторатот пристигнале и од жителите на општина Карпош. Сепак, во тој дел од градот не било забележано прекршување на законот. Додаваат дека дивите депонии се во надлежност на општинските инспектори.

Само тројца инспектори вршат надзори за квалитетот на амбиенталниот воздух на територијата на главниот град, планирани се нови вработувања на помлади инспектори. Годинава инспекторатот има поголем буџет.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2018 02:44