По повод 75-годишнината од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев прилепската касарна која го носи неговото име денеска го одбележа патрониот празник.
Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Мирче Ацев во кругот на касарната. Се одржа и пригодна програма на која учествуваа и учениците од прилепската гимназија „Мирче Ацев“.
Во своето обраќање пред старешините, војниците и пред гостите командантот наКасарната потполковник Ивица Цветковски рече дека сме горди што ги продолжуваме светлите традиции од нашето минато.
- Света должност е да се сака и да се брани татковината, но најсвето нешто е да се даде животот за неа. Мирче Ацев е еден од плејадата борци, народни херои, кои го дадоа својот живот за Македонија. Денес го одбележуваме патронот на касарната и со задоволство можеме да истакнеме дека сме горди што ги продолжуваме светлите традиции на нашето минато, рече потполковник Цветковски.
На свеченоста присуствуваше и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски .
Присутните имаа можност да ја разгледаат и изложбата на опрема и вооружување со кои располага единицата на приелпската касарна „Мирче Ацев“.