Единиците на Армијата на Република Македонија, стационирани во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец во присуство на претставници од општина Кавадарци, здружението на борците на Република Македонија и припадници од други команди и единици на АРМ го одбележаа патрониот празник.

Патрониот празник и 75 годишнината од загинувањето на народниот херој чие име го носи касарната, се одбележа со соодветна програма на која покрај полагање свежо цвеќе пред неговата биста од страна на делегациите, беше одржан историски час за животот и делото на народниот херој и пригоден говор од страна на командантот на првата механизирана пешадиска бригада, генерал Мирче Ѓоргоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2018 20:21