Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух. Мерката ја објави градоначалникот, Петре Шилегов, кој истакна дека стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.

Тој апелираше граѓаните без потреба да не користат возила или доколку мораат да ги користат, во возилата да се возат повеќе лица и побара да не се користат несоодветни материјали за затоплување на домовите.

Најави дека Градот Скопје ќе ги прекине сите градежни активности што се под негова ингеренција и препорача и градоначалниците на општините да го направат истото.

Воедно посочи дека ќе го задолжи Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ да ги мие со вода улиците и булеварите кои се во надлежност на градот, а тоа побара да го направат и градоначалниците на скопските општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2018 22:07