Од утре ќе престанат да важат мерките што се воведоа поради зголемените концентрации на PM 10 честичките во воздухот, соопшти попладнево Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

– Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автомаски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 9.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честистички се под дефинираниот праг за алармирање (среднодневни концентрации над 200 mg/m3 барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза). Имено, среднодневната концентрација на РМ10 од 200 mg/m3 е надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од утре, четврток 11.01.2018 година, мерките престануваат да важат, се вели во соопштението.

Мерките беа активирани на 8 јануари откако два дена последователно беа измерени над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2018 00:56