Шеесет и тригодишен скопјанец пријавил дека вчера околу 11.30 часот бил нападнат од две кучиња скитници на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче.
Како што соопшти МВР, едно од кучињата го каснало во задниот дел од левата нога при што му била нанесена видлива повреда со крвавење.
Скопјанецот самиот отишол на Инфективната клиника каде му била укажана лекарска помош.
Полицијата денеска потврди дека случајот бил пријавен во 11.45 часот.