Човечки труп, заглавен меѓу карпи бил забележан вчера во водите на реката Вардар во близина на Сопот.
По пријавувањето на случајот во Секторот за внатрешни работи Велес екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката.
Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата.