Пријавувањето за најмасовниот планински настан во регионот, „Прв до врв“ на Водно, е отворено за сите оние кои сакаат да се пријават за учество во трките по намалена цена, информираат организаторите.

Оваа година популарните трки до врвот на Водно во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам ќе се одржат на 20 мај. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават веднаш по цена од 250 денари преку интернет-страницата на „Прв до врв“. Цената ќе се зголеми на 350 денари од 1 март, 400 денари од 1 мај и 500 денари на 18 и 19 мај.

Ова ќе биде шесто издание на „Прв до врв“ на Водно на кое се очекуваат неколку илјади учесници меѓу кои и зголемен број на натпреварувачи од странство. Трките се наменети за учесници и во професионална и во рекреативна категорија.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 11:29