Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Л. (29) од с.Врапчиште-гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.

Во октомври 2017 година, пријавениот со цел да прибави противправна имотна корист за себе уценувал 18-годишна девојка од село Добридол, дека преку социјални мрежи ќе објави нејзини фотографии доколку не му исплати 400 евра или да излезе со него, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2018 19:16