Педесет и шестгодишниот Миле Стојановски, од тетовската населба Поток, беше најбрз во четвртокот и го извади крстот од базенот во црковниот двор на соборниот храм Свети Кирил и Методиј.
Само тројца верници скокнале по крстот откако литургијата ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф
Стојановски кажа дека ова му е третпат да го фати светиот крст и посака здравје и бериќет кај сите православни христијани.