Шеснаесетгодишниот Кире Ѓеоргиевски од Делчево годинава го фати светиот крст од водите на реката Брегалница во Делчево.
Средношколецот беше највешт од двесетте момчиња кои денеска храбро влегоа во студената вода продолувајќи ја верската традиција по повод празникот Богојавление Водици. Кире Ѓеоргиевски вели дека прв пат се фрла по светиот крст во реката.
- Јас сум пресреќен што успеав да го фатам крстот. Очекувам да ми донесе среќа, здравје , љубов на мене и на моето семејство, а на моите сограѓани им го честитам големиот празник и им посакувам се најубав - рече Ѓеоргиевски.
На среќниот Кире, награди ќе му доделат и Општина Делчево и Црквата во Делчево, но и компанијата „Зегин“ која традиционално доделува бањарка и телевизор, а на сите уесници маици. Градоначалникот Гора Трајковски му честиташ на Кире и му посакаголеми успеси во животот.
- Овој чин на фаќање на крстот нека им дари благосостојба, мир и здравје и на Кире и на сите наши сограѓани.Убава традиција која треба да ја продолжиме и да ја негуваме. Традиционално Општина делчево доделува на среќниот фаќач на светиот крст вредносен ваучер од 10 илјади денари - рече Трајковски.
Свештеникот Александар Васев истакна дека црквата по традиција доделува библија или поголема икона од крштевањето на Бог Исус Христос.
- Бог се јави. Црквата секоја година доделува библија или поголема икона. Јас сум им благодарен на учесниците беа во поголем број и достојно го извршија овој чин на осветување на водите на реката Брегалница во Делчево, рече Васев.
На чинот на осветување на водата на реката Брегалница во центарот на Делчево присуствуваа илјадници верници.