Актерот Сашо Тасевски, кој моментално е вршител на должноста директор на Драмски театар – Скопје вчера во полиција пријавил дека истиот ден во неговата службена театарска канцеларија добил писмо со заканувачка содржина.

Како што информираат оттаму, Тасевски пријавил дека писмото пристигнало во 10.30 часот, адресирано лично до него, а откако го отворил забележал дека во него има напишана порака со заканувачка содржина за него и за други лица.

Тој појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на „Фејсбук“.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 00:48