Симона Халеп преживеа епска битка против Американката Лорен Дејвис, која траеше 3 часа и 44 минути. Романката победи со 4: 6, 6: 4, 15:13 и се квалификуваше за 1/8-финалето на Австралија Опен. Лидерката на светската листа спаси три меч топки при 10:11 во третиот сет. Кратко потоа, Американката го скрши ноктот на палецот, но продолжи да се бори.

Третиот сет траеше 135 минути, а од почетокот на турнирот кај жените имаше само шест натпревари, кои вкупно траеја повеќе од тоа.

Епскиот дуел го израмни најдолгиот натпревар на Австралија Опен во однос на одиграни гејмови – 48. Толку играа Чанда Рубин и Аранча Санчез Викарио во 1996 година

Поставената под бр. 6, Каролина Плишкова, ја порази чехињата Луција Сафарова во неизвесен натпревар со 7: 6 (6), 7: 5, и исто така го преживеа третиот круг. 25-годишната поранешна број 1 во светот постигна 11 аса и дозволи на својата ривалка само еден брејк. Сафарова исто така беше убедлива при свој сервис. Таа испушти сет топка во тајбрејкот на првиот сет, а потоа изгуби во 11-тиот гем на вториот дел, кога дозволи брејк.

Во 1/8-финалето, Плишкова ќе игра со Барбора Стрицова, која ја совлада Бернарда Пера.

Медисон Кис, финалистката од ЈуЕс Опен, си освои место во осминафиналето. Таа ја победи романката Ана Богдан со 6: 3, 6: 4. Нејзиниот следен ривал ќе биде Каролин Гарсија. Французинката победи со 6: 3, 5: 7, 6: 2 против Александра Сасновиќ од Белорусија.

Во следното коло се пласиршае и Јапонката Наоми Осака.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 18:31