Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа убедлива победа со 6:0 против шампионот на Словачка, Церо Инвест Нитра во 2. коло на Европскиот клупски куп.

Победите за Алкалоид ги остварија Еригаиси Ајрун (прва табла), Веи Ји (втора табла), Ју Јангји (трета табла), Читамбарам (четврта табла), Нараунан (петта табла) и Александар Инѓиќ (шеста табла).

Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата Бир Шева од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп.

По второто коло 18 екипи имаат максимални четири бода



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2024 15:54