Хота Гоналез ќе биде новиот асистент на македонскиот селектор Реул Гонзалес во продолжение на Европското првенство во Хрватска.

Откако Македонија вечерва ќе го одигра дуелот против Шпанија, досегашниот асистент на Гонзалез, Роберто Гарсија Парондо ќе се врати во Скопје, а неговото место ќе го заземе нивниот сонародник Хота Гоналез.

Парондо мора да се врати во Скопје, поради обврските со ракометарките на ЖРК Вардар кои следната седмица ги очекува стартот на вториот дел од натпреварите во Лигата на шампионките.

– Таков беше договорот, Сергеј Самсоненко дозволи Парондо да работи со репрезентацијата до 21 јануари. Затоа, тој утре наутро ќе тргне назад кон Скопје. Веќе е договорено во текот на утрешниот ден во Вараждин да ни се приклучи Хота Гонзалес, шпанскиот стручњак што ќе му биде помошник на Раул во ПСЖ и кој ќе биде дел од нашиот стручен штаб до крајот на овој шампионат, потврди директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески, во интервјуто на македонскиот портал „Екипа“.

Хота Гонзалес е доскорешен тренер на Ла Риоха, а тој ќе му биде помошник на Раул Гонзалез и во ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 21:14