Повторно убиство во скопски Чаир. Од министерството за внатрешни работи преку соопштение информираа дека синоќа 33 годишен маж од Скопје со нож прободел 41 годишна жена од Тетово со која биле во роднински врски, откако претходно таа го нападнала со стап. Околу 23 часот на пат кон клиниката Мајка Тереза жената им подлегнала на повредите во возило на итната медицинска помош, додека пак напаѓачот е пренесен на Ургентниот центар, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство донесе наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот и од таму додаваат дека е издадена и наредба за вршење обдукција на починатата жена. Тие велат дека се започнати бројни дејствија во насока на утврдување на фактите и кривичната одговорност на сторителот. Во оваа населба пред само еден месец беше убиено 24 годишно момче со огнено оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 21:15