Синоќа околу 20.30 часот во угостителски објект во Дебар Маало, во сопственост на 59-годишниот М.Б. дошлe Љ.С.(33) и Д.С.(23) и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа почналe да му упатуваат закани. Во еден момент Д.С. почнал да го удира со електрошок и да му пушта струја, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило во пределот на целото тело.
Напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости. Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот.
Од полицијата уште додаваат дека имаат пријава во исто време, односно Љ.С.(33) пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 20.45 часот пред угостителскиот објект во Дебар Маало бил физички нападнат од Р.М.(29) и А.А.(35), кои што го удирале со клоци и тупаници во пределот на главата. Причина за физичкиот напад бил претходниот настан што се случил во локалот помеѓу Љ.С. и М.В.