Најновиот проект со музика од Македонија „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески синоќа беше претставен во салата за камерна музика, лондонскиот „Вигмор Хол“, која беше исполнета до последното место.

– Токму синоќешниот беше мој прв настап во оваа календарска година и мина фантастично. Проектот што го нареков „Македонисимо“, односно „ептен македонско“ и му го посветив на мојот македонски народ; и на пребирливата, не само британска публика и ја претстави оваа нова димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2018 15:54