Тоше има само датум на раѓање, е мислата која секоја година на 25-ти јануари ги обединува обожавателите од поранешните ЈУ- простори.

Во Спомен- куќата во Крушево, во чест на роденденот на Тоше Проески, ќе биде организирана културно- уметничка програма. Претходно ќе бидат положени цвеќиња на вечното почивалиште на легендарниот македонски пејач.

Во Домот на АРМ во Скопје, се организира голема крводарителска акција.

Обожавателите се во исчекување на нов материјал од поп ѕвездата, кој Фондацијата „Тоше Проески“ го најави лани на одбележувањето на 10-годишнината од смртта на Тоше.

Точниот датум на издавањето на албумот сè уште не е прецизиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2018 14:37