Тројца пешаци биле потешко повредени во две од вкупно 13 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле пет лица, а во шест била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престројување.
Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 11 нерегистрирани возила. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 92 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 94 возила.