Силен звук, по кој следувал и голем пожар, вечерва ги вознемирил жителите на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.
Според неофицијални информации засега нема повредени лица иако во куќата во која избувнал пожарот живеело шест члено семејство меѓу кои и две дечиња. Пожарот се раширил и во соседната куќа која изгорела до пола.
Екипите на противпожарната бригада, после два часа борба со огнената стихија успеале да го локализираат пожарот, а во моментов во куќите на улица Михаил Глинка има проблем со електричната енергија кои екипите на ЕВН го санираат.