И.Р. (22) од Скопје, денеска околу девет часот, управувајќи возило „Форд Ескорт“ на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола и удрил во карпа.

Како што соопшти полицијата, возилото се превртело, а И.Р. и тројцата сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, се повредени и префрлени во тетовската болница.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 19:55