Возбудлив ден за штипјани, во нивниот град е Златан Ибрахимовиќ! Светската фудбалска ѕвезда поради повреда не нaстапува за Манчестер Јунајтед а во Македонија ќе остане неколку дена.
Според неофицијални информации Ибра е на лов во Македонија а ова не му е негово прво доаѓање поради лов во нашата земја.
Златан важи за страстен љубител на ловечкиот спорт, па по првата негова повреда минатата година тој се упати на лов на диви мечки во Романија.
Во минатото на слична таква посета беше и Единсон Кавани, но тој престојуваше во Велес.
Голем дел од граѓаните на Штип ја искористија можноста да се сликаат со Ибрахимовиќ, па социјалните мрежи се полни со фотки од големиот фудбалер.
Меѓу нив беше и македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Поповски.