Во последното деноноќие се регистрирани пет пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места. Гореле ѓубре и сува трева и ниска вегетација во општините Карпош, Струмица, Валандово, Македонска Каменица и во Општина Битола, соопшти ЦУК.

Пожарникарите интервенирале на запаленo ѓубре и сува трева кај месноста „Зајчев Рид“ во Општина Карпош, на опожарено ѓубре кај сепарацијата „Јурумлери“ во Општина Гази Баба, на запалена ниска вегетација и ѓубре во струмичкото село Робово и валандовското село Марвинци, како и на запалена ниска вегетација во с. Долна Саса во Општина Македонска Каменица и на ул. „Дебарска“ во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2024 12:38