Украден „фолксваген голф“ би пронајден во реката Вардар, од каде вчера го извлекле пожарникарите. Вчера во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот.
Полициски службеници од Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54). Тој претходно пријавил во полиција дека воизлото му било украдено од пред неговиот дом на улицата „Бриселска“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита возилото било извадено.