Девојка извлечена од студените води на вардар. Причината зошто се нашла таму сѐ уште непозната. Од МВР информираат дека дојава за женско лице во водите на Вардар кај нив пристигнала околу 13 часот и 30 минути.

При обидот за спасување жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката.

Потоа во водата влезе уште еден човек кој им помогна да стасаат до едно од островчињата што се создадени во реката, а потоа и трет кој заедно со двајцата спасувачи ја донесе младата жена на брегот на реката Вардар.

Полицијата излегла на самото место и констатирала дека станува збор за 28- годишна девојка, која што од непознати причини се фрлила од Камениот мост.

Нејзиниот татко ја извлекол со помош на две лица, по што со итна медицинска помош е пренесена во болницата „8-ми Септември“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 15:32