Скопјани повторно се гушат во загадениот воздух, а главниот град и денес се најде помеѓу 10 најзагадени градови во светот.
Нивото на загаденост и во текот на денешниот ден е алармантно. Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување неколку пати над дозволениот максимум.