Денес официјално се отвора пријавувањето за Авицена Женската трка 2018. Шестата трка ќе се одржи во недела, 1-ви април и ќе стартува во 10 часот.

Минатата година околу 1.500 натпреварувачки трчаа во Градски парк додатно зацврстувајќи ја Авицена Женската трка како синоним за здравјето и здравиот начин на живот.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2018 може да се направи преку официјалната веб страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Авицена Женска трка www.smartrace.club.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 13:53