Градоначалникот на Град Скопје се пофали дека во првите сто дена од преземањето на функцијата работел посветено, одговорно и чесно. Шилегов вели дека буџетот за животна средина е зголемен за 3 пати и дека со засилените контроли на терен се намалила загаденоста. Парите наместо за барокни фасади ќе се пренаменат за енергетска ефикасност на училиштата. За опозициската ВМРО – ДПМНЕ стоте дена на Шилегов се лага и неработење.

„Веднаш по преземањето на градската власт воведовме двосменско работење на службите што непосредно работат со граѓаните. Бараката 16, сега работи од 7:30 до 19:30 и граѓаните можат побрзо и полесно да ги завршат своите работи поврзани со прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци на Град Скопје. “ – изјави Петре Шилегов – градоначалник на Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2018 22:42