Град Скопје соопшти дека по пошта доставува потврди за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје меѓу кои и за субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично.

Како што соопштија од градот, потврдата за остварени приходи треба да послужи за пополнување на Годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 март 2018 година.

Од Град Скопје ги известува граѓаните кои нема да добијат потврда дека можат да ја подигнат во Секторот за финансиски прашања (барака 7), секој работен ден од 9 до 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2018 12:16