Скопскиот градоначалник Петре Шилегов в петок ќе ја посети Атина и ќе се сретне со атинскиот градоначалник Јоргос Каминис.

Како што информира Град Скопје, Шилегов в петок ќе се сретне со Каминас во неговиот кабинет и ќе имаат прес-конференција.

Градоначалникот Каминис го поканил македонскиот колега во официјална посета на грчкиот главен град, во екот на преговорите за името.

Посетата се смета за дел од тековните напори за засилување на соработката меѓу двата града и размена на знаења и искуства.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2018 16:18