Четири патнички и едно товарно возило кои се дел од возниот парк на Општина Карпош ќе бидат дадени на продажба.

„Станува збор за патничкото моторното возило ‘ауди кју7′, потоа возилото марка “санг јонг’, патничкото возило ‘форд фиеста’ и автомобилот марка ‘застава југо’, како и товарното возило ‘волво’. За ова одлучија советниците на Општина Карпош на денешната седма седница на Советот“, велат од Општината.

Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата ќе бидат наменети за купување на возило за товар на лисја и смет, со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената во Општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 19:32