Дваесет и пет годишната Е.С. пријавила дека вчера попладне била физички нападната од нејзиното поранешно момче И.А. во скопско Волково.
-Имено додека седеле во возилото на И.А. во еден момент тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, телото, грбот и рацете, нанесувајќи и видливи повреди по главата и телото, а потоа И.А. почнал да ја допира по телото, информираат од полицијата.
Од МВР посочуваат дека причина за физичкиот напад е тоа што пријавителката не сакала да има сексуален однос со И.А. бидејќи ја прекинале врската пред две недели.
Настанот е пријавен во Полициска станица Ѓорче Петров и се работи на целосно расчистување на случајот.