Градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, утре во грчката престолнина ќе имаат официјална средба. По тој повод денеска во заедничка колумна повикуваат на зближување на двата града и затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.

Колумна е објавена во денешните изданија на македонскиот дневен весник „Слободен печат“ и грчкиот дневен весник „Та Неа“.

„Во текот на изминатите неколку недели беа направени важни чекори и беше направен моментум за решавање на спорот кој ги дели нашите држави со децении. Ова кулминираше со неодамнешниот конструктивен состанок помеѓу двајцата премиери во Давос, што доведе до изрази на надеж и охрабрување кај нашите народи дека оваа историска можност нема да се пропушти повторно. Ние, како градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување“, посочува Шилегов и Каминис во колумната.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2018 15:09