Македонскиот народен театар ја најави првата премиера во 2018 година – претставата „Госпоѓиците од Авињон“, на 21 февруари на малата сцена. Работена е по драмскиот текст на Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов.
МНТ соопшти дека со праизведбата на овој текст чествува 110 години од „Госпоѓиците од Авињон“ на Пикасо со која се поставени првите постулати на кубизмот како правец во ликовната уметност.
Во актерската екипа се Искра Ветерова, Софиа Насевска-Трифуновска, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Васил Зафирчев.
Композитор на музиката е Калиопи Букле, сценографијата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев.