Центарот за управување и контрола на сообраќајот денеска ќе ги отвори вратите за граѓаните каде ќе имаат можност да се запознаат со начинот на работа и функционирање на овој центар.
Заинтересираните ќе имаат можат да дознаат како работат семафорите во Скопје, на кој начин функционираат камерите на улиците и како се регулира сообраќајот во главниот град.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица, ќе биде отворан од 10 до 14 часот.