Следните денови времето ќе биде претежно сончево, со постепен пораст на температурата. На почетокот на следната седмица, како што информира УХМР, повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер проследен со мало преодно наоблачување.

Утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=9. Минималните температури ќе се движат од 9 до 20, а максималните дневни од 28 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне 37 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 12:10