Едно лице е повредено во сообраќајката што се случи денеска на патот Градско-Прилеп и e пренесено во Општата болница во Прилеп. Сообраќајот се одвива по една лента, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Сообраќајката се случила меѓу товарно возило и патнички автомобил, а повредениот е патник од автомобилот. По една лента на патот се вози од 11:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2018 20:20