Обилните врнежи од снег во Западна Македонија го отежнаа сообраќајот на патот Гостивар – Маврово. Условите на патот веќе предизвикуваат потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а во 11 часот е регистрирана првата сообраќајка.

Пред Маврово поради неприлагодената брзина на патот се преврте патничко возило „корса“. Според портпаролот на СВР Тетово со косата со скопски регистарски таблички управувал 27-годишниот Ѓ.Н. од Скопје. Возачот и двајцата сопатници успеале да се извлечат од превртеното возило со лесни повреди. Возилото е многу општетено и не е во возна состојба. Се очекува увид на местото, а додека да се отстрани возилото, сообраќајот ќе се одвива наизменично.

Фото: мкд.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2018 00:03