Едно лице е потешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајка, што се случи вечерва на автопатот Демир Капија-Удово и предизвика прекин на сообраќајот.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека патничко моторно возило се извртело и удрило во товарно возило на делот од патот по демиркаписките тунели.

Дел од медиумите објавија дека тешко повреденото лице е пратеничка на СДСМ од Валандово а дека во возилото со неа бил и Градоначланикот на Валандово.

До доцна во ноќта овие информации не беа потврдени.

Увидот на полицијата и Јавното обвинителство сеуште е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2018 01:59