Двајцата планинари од Македонија на врвот на Кајмакчалан, на планината Ниџе, според потврдени информации на МИА од Атина, загинале најверојатно по пад во бездна.
Спасувачките служби ги извлекоа телата, а се работи за маж и жена на 25 годишна и 35 годишна возраст, планинари кои биле во група од околу 50 лица во областа Агиос Атанасиос, Пела.
Двајцата Македонци се разделиле од групата и се загубиле. Грчката противпожарна служба, вчера добила повик за помош и од 14:30 часот, започнала спасувачката акција со три возила и 13 спасувачи. Доцна во ноќта, планинарите биле лоцирани во непрооден дел, но за жал не давале знаци на живот. По лоцирањето на местото каде што паднале двајцата планинари, од рано утрово, трае акцијата на грчките пожарникари за извлекување на нивните тела.
Во акцијата за спасување се вклучени тимови од Македнија и од Грција. Тимот од Македонија е составен од седдумина спасувачи на планина од Битола.