Пратеничката на СДСМ Мери Лазарова засега е во стабилна состојба, откако вчера околу 20 часот беше донесена во Ургентниот центар во Скопје со повреди на главата и телото по сообраќајната несреќа на патот Демир Капија – Удово. Денеска Лазарова ја посети и министерот за здравство, Венко Филипче, чија специјалност е неврохирургија.
– Пратеничката има лесна повреда на главата и нејзината општа состојба е стабилна. Ќе ја задржиме на опсервација уште неколку ден, па потоа ќе биде пуштена – рече министерот Филипче по посетата.
Со пратеничката, во автомобилот бил и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, но тој поминал со полесни повреди бил префрлен во болницата во Кавадарци.