Познат е идентитетот на момчето кое загина искачувајќи го врвот Кајмакчалан заедно со поголема група планинари организирани преку друштвото „Трансверзалец“.

Покрај Калина Велевска, Александар Миновски е 35 годишниот Скопјанец кој трагично го загуби животот искачувајќи го врвот Кајмакчалан.

Денеска попладнето беа пронајдени нивните безживотни тела. Едно од лицата е пронајдено во провалија, а другото премрзнато во падините на планината Ниџе.

Групата била составена од 50 планинари кога тргнале кон искачување на врвот Кајмакчалан.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2018 01:53