Според првичните информации групата која го искачувала врвот Кајмакчалан броела 50-тина луѓе, а Александар Миновски и Калина Велевска кои трагично го загубија животот на нивната нова планинарска авантура се изгубиле од групата и Александар паднал во бездна додека Калина починала од премрзнување.
Дека условите биле повеќе од неповолни говори и видеото објавено на Инстаграм од страна на еден од учесниците на ова искачување како и неговиот коментар: #150kmph #minus20C #GodHelpUs кој говори дека при искачувањето планинарите се бореле со ветар кој дувал со 150 километри на час, температурата била 20 степени под нулата а паѓало и снег.
Врвот Кајмакчалан бил шестиот врв од турата 12 врвови заосвојување, организирани од Планинарското друштво Трансверзалец.