Четириесетгодишниот Д.Н. од Пробиштип вчера во Штип извршил силување во обид над штипјанката К.Д. (18).

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил утрото во 4:00 часот, откако Д.Н. преку СМС пораки и со закани дека ќе оди кај нејзините родители и ќе и направи сериозни проблеми, ја принудил штипјанката да дојде кај него.

– Таа отишла кај него по што Д.Н. се обидел со сила да ја натера да имаат сексуален однос. Тој и ја удрил главата во ѕид нанесувајќи и неколку удари со тупаници во пределот на главата и телото, но К.Д. успеала да побегне, наведуваат од МВР.

Од страна на лекар бил извршен преглед над К.Д., констатирани и се телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Д.Н. бил приведен и задржан во СВР Штип за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2018 15:43