Во годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации во оваа 2018 година ќе одвои 327,250 денари за Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ Коалиција СЗПМЗ за организирање на настан „ Викенд на гордоста Скопје 2018 “.
Претходно во 2017 година, министерот за култура Роберт Алаѓозоски, го отвори „Скопје прајд викенд“ кој се одржа од 22 – 25 јуни.
Настан на кој свое обраќање имаше и Никола Шиндре, кој јавноста ја брануваше со својата колумна во која се релативизираше педофилијата.
Тогаш медиумите пишуваа и како ЛГБТ центарот одликуваше промотор на педофилија, настан на кој учествуваше и Зоран Заев.