Медицинските експерти препорачуваат водата од овие мерни места, задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.
Во четири прилепски села не е исправна водата за пиење. Ова го покажале анализите на Центарот за јавно здравје. Во селото Волково и во Мало Рувци не е исправна водата за пиење во приватни два објекта, а во Чумово и Прилепец според извршените анализи, водата која што тече од јавните чешми, не смее да се користи за пиење.
Медицинските експерти препорачуваат водата од овие мерни места, задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.
Општина Прилеп во четирите населени места, денеска ќе достави известувања според препораките на Центарот за јавно здравје, со цел да се превенираат несакани последици по здравјето на жителите.
Граѓаните треба да ги почитуваат препораките, до следното известување од Центарот за јавно здравје.